Нов имунолошки анализатор во Детската болница Козле
Нов имунолошки анализатор доби Детската болница Козле. Вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров денеска ја посети Детската болница Козле, по што изјави дека со набавката на новиот апарат времето на чекање за добивање резултат од седум до десет дена ќе се намали на еден час.
- Апаратот претходно го немаше во болницата, примероците од крвта на пациентите беа испраќани на трансфузиологија и за резултатите се чекаше една недела и повеќе. Со набавката на овој апарат чија вредност е 2,5 милиони денари ќе се овозможи овие испитувања да се прават во Детската болница Козле и резултатите ќе се добиваат за не повеќе од еден час, рече Тодоров.
Според него, тоа е исклучително позитивно и за работата на здравствениот персонал, но и за болничко сместените и амбулантските пациенти кои добиваат здравствени услуги во оваа Детска болница.
- Ова многу ќе помогне во работата на Детската болница Козле и во дијагностиката која им е неопходна на здравствените работници за утврдување на дијагнозите и определување на третманот или лекувањето на пациентите. Детската болница Козле е една од првите болници која се акредитираше согласно стандардите за квалититет во Република Македонија и многу сум задоволен што болницата постојано се развива во поглед на кадарот и во поглед на апаратурата со која се работи, рече Тодоров и додаде дека многу е задоволен од работењето на болницата.
Нагласи дека болницата функционира во одлични инфрастуктурни услови и е една од првите болници која се акредитираше според сите стандарди за квалитет. - Доказ за тоа се постојано зголемените бројки на пациенти и услуги кои се дадени тука. Ако во 2015 година бројот на амбулантски услуги беше околу 23.000, 2016 година се заврши со 40.000 дадени услуги, што е сериозен раст на болницата, истакна Тодоров.
За одбележување е, посочи, дека расте бројот на болнички пациенти. Нагласи дека ќе има сериозен раст од 65 или 67 проценти, што, според него, говори за зголемената доверба на пациентите во оваа болница и за подобрените капацитети од аспект на кадар и опрема.
- Од оваа болница преку 70 проценти од докторите веќе беа на едукација во странство и тоа во еден од најсериозните центри за педијатрија во Европа, тоа е болницата Бамбино Џезу во Ватикан, со што се овозможи подигнување на нивото на квалитет, знаење и вештини на докторите кои дават услуги во Детската болница Козле. Има доктори кои беа и во други центри во Турција, Словенија, Србија итн. со што сериозно се придонесе за подобрување на квалитетот на здравствените услуги кои се даваат во оваа здравствена установа, додаде Тодоров.
Изрази надеж дека болницата ќе продолжи да работи со исто темпо и ќе се развива постојано.
Директорот на Детската болница Козле, Оливер Зафировски рече дека имунолошки анализатор е нов комплетно автоматизиран апарат кој има висока сензитивност и се намалува времето на чекање на резултатите.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца