Свет
4. August 2016 - 11:15

НОВ ХОРОР ВО ПАРИЗ: Запалиле автобус и извикувале „Алах Акбар“

Група момчиња прво извлекле неколку канти за ѓубре пред автобусот со цел да го сопрат. Потоа го избркале возачот и уште пет патници од автобусот.

Напаѓачите почнале да ги кршат стаклата на автобусот, да викаат „Алах Акбар“ и фрлиле молотови коктели во возилото.

За овој инцидент полицијата покрена истрага, а се уште не се познати причините за нападот.