Свет
21. October 2016 - 21:29

Нов хакерски напад во САД

Работата на низа големи интернет портали како Твитер, Спотифај, Си-Ен-Ен и Редит денеска два часа беше во прекин откако хакери ја нападнаа хостинг компанијата ДИН (DYN), чие седиште е во Њу Хемпшир.

- Од  хакерскиот напад погодено беше целото источно крајбрежје на САД. Погодени беа и интернет-страниците на големите медиумски компании, како Њујорк тајмс, Вокс и други, соопшти ДИН.

Хакерскиот напад бил од типот ДДоС при што целиот систем бил целосно блокиран и корисниците немале пристап до нивните ресурси или пак пристапот бил прилично отежнат.