Македонија
27. July 2016 - 16:47

Нов дигитален мамограф во Поликлиниката ,,Букурешт‘‘ - Ќе се реализираат 12 снимања дневно

Само во поликлиниката Букурешт кај 20 жени откриен е рак на дојка преку програмата на министерството за здравство за бесплатен скрининг. Пациентките се на возраст помеѓу 50 и 65 години.

- Откриени се дваесетина случаи со карцином кои се и хируршки и онколошки третирани, изјави  д-р Љупчо Андревски, специјалист по радиодијагностика во Здравствен дом Скопје.

Оваа поликлиника доби најсовремен мамограф досега набавен во јавното здравство. На него  наместо 6 дневно ќе може да се вршат по најмалку 12 снимања . Резултатите се добиваат за 3 минути.

- Стариот мамограф е од 1988 година и со поголемо зрачење во однос на новиот мамограф со кој се забрзува прегледот, се подобрува сликата и ќе може да се вршат размена на сликите и да се добива второ мислење и со други центри каде се прават вакви испитувања во земјата и во странство. Тоа значи дека докторите ќе можат да се консултираат со нивните колеги од други здравствени установи во Република Македонија и во странство, изјави Никола Тодоров, вицепремиер и министер за здравство

Мамографот во поликлиниката Букурешт е меѓу петте новонабавени вакви апарати чија вредност е околу 39 милиони денари.