Живот
26. November 2017 - 11:19

Носи градник со големина К: „Градите ми го уништуваат животот, ги мразам“

Австралијанката Шеридан Ларкман (23) има толку големи гради што не може да ги собере во инудстриски произведените градници.

Градите почнале да и растат кога имала само 8 години, а на 10 веќе имала „тројки“. И растат постојано и не знае дали тоа ќе престане.

Поради тоа покренала собирање пари на интернет за операција за намалување на градите.

Мајката на две деца, поради големината на своите гради често трпи злоставувања од мажите, кои сметаат дека смеат да и дофрлаат лигави коментари, да зјапаат во неа и да покажуваат со прст. На социјалните мрежи често добива пораки од очајни луѓе кои бараат да им испрати голи фотографии.

Ларкман се надева дека ќе собере 10.000 долари за операција за намалување на градите поради кои трпи големи болки во грбот.