Ракомет
24. January 2017 - 19:00

Норвешка прв полуфиналист на Светското ракометно првенство

 
 
 Репрезентацијата на Норвешка е првиот полуфиналист на Светското ракометно првенство. Во првиот четвртфинален натпревар одигран попладнево во Албервил, репрезентацијата на Норвешка, која ја елиминираше Македонија, во осминафиналето беше подобра од Унгарија.
 
Норвежаните за место меѓу четирите најдобри на Мундијалот, се изборија со победата од 31-28, полувреме 17-10.
 
Тие за противник ќе ја имаат подобрата репрезентација од четвртфиналниот меч меѓу Шпанија и Хрватска кој ќе се игра вечерва во Лил од 20 часот и 45 минути, термин во кој ќе стартува и натпреварот во Париз меѓу Словенија и Катар.
 
Претходно од 19 часот во Лил, домаќинот и актуелен светски првак Франција ќе игра против селекцијата на Шведска во дуелот на најтрофејните нации на Светските шампионати досега.