-->
-->
Норвешка нов предизвик за македонските ракометари на ЕП
-->
Македонската ракометна репрезентација по три дневната пауза, денеска против Норвешка ќе го продолжи својот настап на Европското првенство што се одржува во Полска.
Паузата беше искористена избраниците на селекторот Ивица Обрван да се одморат од напорните дуели во претходните четири дуели, три во првата и еден во втората фаза.
- Слободните денови добро ни дојдоа на сите, пред се психички да се одмориме, секако и физички. Имавме доволно време да се подготвиме за овој натпревар. Можеби ќе имаме и некоја мала предност денеска, бидејќи додека ние одмаравме Норвежаните одиграа тежок меч со Полска, изјави Дејан Манасков, најдобриот стрелец на Македонија на ова ЕП.
Тој очекува добар резултат, а мотив повеќе за тоа гледа во попречување на Норвежаните да играат во полуфиналето, бидејќи тие се нашите најголеми конкуренти за учество на Олимписките квалификации.
- Ова е многу важен меч за нас, но и Норвежаните. Со победа ние ги зголемуваме шансите за место во квалификациите за ОИ, додека тие за место во полуфинале на ЕП. Ќе биде навистина тешко. За да ја оствариме целта и да победиме ќе мора првенствено да го намалиме бројот на техничките грешки, едноставно да не им дозволиме да играат контри. Тоа е нивното најсилно оружје. Ако играме концентрирано, ако бидеме ние вистинските, мислам дека може да ги победиме, дополнува Манасков кој на изминатите четири средби постигна 23 голови, два повеќе од капитенот Кирил Лазаров.
Дуелот Македонија – Норвешка ќе се игра во Краков од 18 часот и 15 минути и е првиот од денешната програма на шампионатот.
Во вториот, исто така од групата 1, ќе играат домаќинот Полска и селекцијата на Белорусија (почеток 20:30 часот).
На табелата, Франција и Норвешка имаат по шест бодови, два повеќе од Хрватска и Полска, додека Македонија и Белорусија се без освоен бод.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж