Свет
22. November 2017 - 14:23

Норвешка го намали степенот за можни закани во земјата

Норвешката полиција го намали степенот на ризик од напади во земјата од „веројатни“ на „можни“. 

- Можноста за извршување на терористички напади во Норвешка не може да биде исклучена, предупреди норвешката полиција. 

Нивото на можни закани во земјата беше зголемено во април, откако во Осло беше отстранета бомба, а во соседна Швеска беше спроведен напад во кој беа убиени четири лица.