Македонија
28. October 2016 - 18:36

Нормализиран сообраќајот на патот Ресен-Битола-Прилеп

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) соопшти дека од 17:45  часот вечерва е нормализиран сообраќајот на  магистралниот пат А3 Ресен-Битола-Прилеп,  за секаков вид сообраќај.

Сообраќајот беше во прекин поради блокадата кај местото „Баир“ што во 14:40 часот денеска  попладне ја поставија  40-ина лица од ромска националност. Во тек на блокадата сообраќајот се пренасочуваше низ централното градско подрачје на Битола.