Македонија
12. February 2018 - 12:43

Нормализиран сообраќајот на патот Прилеп-Градско, во прекин Кочани-Македонска Каменица

 Сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Градско кај местото викано „Запошки мост“ на излез од Прилеп е нормализиран, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

Во меѓувреме, поради отстранување на одрони во близина на село Истибања, сообраќајот на патниот правец Кочани - Македонска Каменица е во прекин во двата правци.

Од АМСМ посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а снег со слаб интензитет провејува на Буково.

Намалена видливост (50 до 100 метри) поради магла има на планински превој Стража и (30 до 50 метри) од крак Маврово до Бунец.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.