Македонија
22. September 2016 - 21:35

Нормализиран сообраќајот на патниот правец „Прилеп-Македонски Брод“

Од 19:25 часот сообраќајот на патниот правец „Прилеп-Македонски Брод“ на планинскиот премин „Барбарос“ целосно е оспособен за движење на сите видови на моторни возила.

Како што соопшти АМСМ, од 10:30 часот на планински превој меѓу Прилеп и Македонски Брод поради сообраќајна незгода, сообраќајот беше во прекин во двата правци.