Македонија
14. February 2018 - 15:33

Нормализиран сообраќајот на патиштата Кочани - Македонска Каменица и Крива Паланка - Куманово

Патниот правец Кочани-Македонска Каменица од денеска во 14:45 часот е нормализиран за сообраќај, откако е расчистен одронот што од саботата го прекина сообраќањето во двата правци, соопшти Диспечерскиот информативен систем на ЈП „Македонија пат“.

Нормализиран е и сообраќајот на патот Куманово - Крива Паланка, што беше прекинат поради протест на работници од „Веибо Груп".

Поради одронот на терен се вршеа минирања на остатокот од ризичната карпа,  по што е расчистен теренот. 

Во активностите беа вклучени екипи на ЈП „Македонија пат“, како и градежна механизација на ГП „Гранит“ која таму е присутна поради тековната рехабилитација на патот.

Одроните се честа причина за прекини на сообраќајот на патот Кочани - Македонска Каменица. 

Досега се рехабилитирани 80 проценти од предвидените работи за рехабилитација на патот