Македонија
8. November 2017 - 13:07

Нормализиран е сообраќајот на патот Куманово - Крива Паланка

Од 12:00 часот е нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка кај местото „Просечник“ пред село Псача, соопшти АМСМ.

Сообраќајот беше во целосен прекин поради сообраќајка од 8:15 часот, соопшти Автомото сојузот на Македонија.