Ноле опериран во Цирих
Новак Ѓоковиќ го оперирал повредениот лакот на десната рака, тврди специјализираниот тениски портал „Блик“. Според овој извор, српскиот тенисер бил опериран во Базел.
Ѓоковиќ на тенисот му се врати на Австралија опен кога претходно шест месеци паузира поради повредата на лакотот. Паузата и одморот од тенисот не ја подобрија состојбата со повредата, тој во Мелбурн испадна во четврт-финалето од Чунг, а покрај одличната игра на тенисерот од Јужна Кореја, причина за лошата партија на Ѓоковиќ беше и повредата.
Србинот на почетокот на неделата два дена бил на специјалистички прегледи во Прага, вчера се појави негова фотографија од Цирих, на која е нејасно дали неговата десна рака е во гипс или е само бандажирана.
„Блик“ тврди дека врз Ѓоковиќ била извршена флеш-операција во Цирих, која треба да ги реши неговите проблеми со повредата.
На клиниката, почитувајќи ја приватноста, не сакале да коментираат дали поранешниот број 1 бил кај нив изминативе денови.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите