Живот
17. May 2016 - 13:38

Ноќна мора: Ја гризна ајкула па заедно завршија во болница

Во приморскиот град на Флорида, Бока Ратон, 23-годишна девојка била касната од ајкула додека се бањала. Жената заедно со ајкулата која и натаму и била закачена на раката е префрлена во болница од каде е пуштена истиот ден.

Младата ајкула ја доживеа најлошата можна судбина и угина пред да успеат да ја спасат надлежните. Еден од сведоците на овој несекојдневен настан вели дека ајкулата била испровоцијрана и дека од таа причина ја нападнала жената.

Нападнатата девојка по нападот останала смирена и потоа со ајкулата зариена во подлактицата била префрлена во најблиската болница. Овие ајкули се познати со многу силната вилица и острите заби. Доколку човек случајно нагази на нив или ги провоцира веднаш напаѓаат, пишува „Национална географија“.