Не тргнувајте на пат без да го прочитате ова

Забрана за тешки товарни возила има на патните правци Тетово - Попова Шапка и Крива Паланка-Гр.премин Деве Баир.
Забрана за автобуси има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Поради силен северен ветар на патниот правец Штип – Кочани, наместа има појава на наноси од снег на коловозот. Се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Забраната за тешки товарни возила на паниот правец Берово –Стрмица е укината во 18:45. Забранaтa за тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан е укината во 10:30 часот, на патниот правец крак Стража – Кичево е укината во 09:50 часот и крак Маврово – Дебар е укината во 13:15 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот после интервенција на дежурните екипи од Македонија Пат. Слаби врнежи од снег се бележат во Маврово, Страцин, Куманово, Делчево, Смојмирово, Кула и на планинскиот премин Стража. Снег со појак интензитет се бележи на патниот правец Крива Паланка – гр. премин Деве Баир.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Од 15-ти Ноември 2015 година на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2016 година.
Ново на Сител
-

Десет милијарди евра во инфраструктурни капитални проекти во наредните 10 години: Владата најавува сериозен развоен потенцијал
-

Миленкоски задоволен од стартот на македонските одбојкари во Европската лига
-

И Израел и Иран се заканија со нови пожестоки напади ако не се почитува примирјето
-

УХМР: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западните и југозападните делови од државава
-

Мицкоски го потврди задоволството од Тиват
-

Нови планови за нов клинички
-

Папата Лав XIV: Светот е во длабока криза
-

МФ: ММФ ја потврди стабилноста и отпорноста на македонската економија - извештајот со позитивни оценки за економскиот раст и фискалните политики
