Македонија
17. February 2020 - 16:45

Џафери тврди дека Собранието работело по закон, ВМРО-ДПМНЕ започна истрага

Ден по распуштање на Собранието спикерот Џафери признава дека згрешил што ги повикал пратениците да гласаат со Бадентер за Законот за совет на јавни обвинители. Тврди дека овооој закон се носи со прост мнозинство, како што беше донесен вчера.

Кога го видов официјалното сценарио тогаш сватив дека сум во грешка и мислам дека најнормално е човек во таква атмосфера, во такви услови и да направи грешка. И тоа е моја грешка, и не е нешто што се случило па произлегле последици од тоа што сум го кажал затоа што официјалниот дел од сценариото кое е архивирано е тоа што законот е изгласан без Бадентерово мнозинство, затоа што така е регулирано и во Уставот. Впрочем, ова беа измени и дополнувања на Законот, измените и дополнувањата на законот се донесуваат во иста постапка и процедура како што е донесен и основниот закон. Основниот закон е донесен без Бадентер, така се донесува и измената и дополната. Тоа може да се потврди и со сценариот и со листингот кој е веќе е објавен, рече Џафери.

И Законот за јавно обвинителство според Џафери е донесен во соодветна процедура. Вели дека по реакциите на пратениците кои не усеале да гласаат при првиот повик, имал обврска да го повтори гласањето.

Доколку на лице место се утврди дека пратениците се внатре и реагираат дека не го оствариле своето право да се изјаснат моја обврска е да поништам постапка, да овозможам реакција на тоа што поради техниката не можеле да ја изразат својата волја. И од таа причина јас го поништив гласањето и овозможив повторување на гласање за да можат пратениците кои веќе реагираа, а беа внатре да можат да изразат волја. И во тој конктекст нема никаков проблем во слисла на процедура, рече Џафери

Правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ веќе ги разгледува можностите за оспорување на собраниската процедура за носење на двата закони. Власта останува на ставот дека вчера победи правдата.

По повеќе од една година преговори и неизвесност Собранието вчера ги донесе Законите за јавно обвинителство, Совет на јавни обвинители и за одбрана. Последниот работен ден на овој собраниски состав мина во тензична атмофера и меѓусебни обвинувања за начинот и целите за носењето на овој пакет закони.