Македонија
12. October 2019 - 16:37

Мицкоски: Власта е одговорна ако не добиеме датум, причина ќе биде корупцијата

Или ќе се добие условен датум или датумз а преговори воопшто нема да има. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не е оптимист за добри вести од Брисел. Според Мицкоски одговорноста е кај власта- проблем не се Франција или Холандија туку Коруптивните скандали на владата, недонесувањето на законот за СЈО и препораките на венецијанската комисија.

Според Мицкоски, условите од Бугарија за евроинтегративниот процес на Македонија покажуваат дека договорот за добросоедство меѓу двете држави бил само измама на актуелната власт.. Смета дека е недозволиво во 21 век да се разговара за идентитетски прашања а истовремено да се говори дека станува збор за почитување на европски вредности.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека партијата очекува случајот Рекет да се води транспарентно а доколку обвинителство тоа не го прави, Мицкоски вели дека ќе ги објави документите за случајот кои ги добиле од лица кои се опфатени со истрагата. Мицкоски додава дека ќе формира парламентарно мнозинство од 61 пратеник за распишување на предвремени парламентарни избори.. Најави дека партијата нема да го практикува коалицирањето победник со победник туку програма со програма.