Македонија
12. October 2019 - 12:57

Сообраќајна несреќа на патот Битола – Ресен, тешко повредени три лица

На 11.10.2019 во 14,15 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од магистралниот пат Битола-Ресен со регионалниот пат Макази-Маркова Нога, се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „Голф 3“ со охридски регистарски ознаки, управувано од К.С(35) од с.Лескоец,охридско и патничко возило “сеат толедо“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Г.Г.(28) од Ресен.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле К.С., неговата сопатничка М.С.(31) од с.Лескоец,охридско и сопатничката во патничкото возило “сеат “, Н.Ц.(28) од с.Царев Двор,ресенско кои се пренесени во Клиничкиот центар во Битола за укажување на лекарска помош.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.