Македонија
27. April 2019 - 21:43

Силјановска на среби со граѓани во Овчеполието

Денеска кандидатот за претседател на Република Македонија, проф. Д-р Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со земјоделците од Овчеполие. Во текот на средбата се разговараше за проблемите со кои се соочуваат земјоделците откако оваа влада е на власт, практично тие се оставени сами на себе.

Сите граѓани на Македонија имаат проблеми со сиромаштијата, корупцијата, непотизмот. Но и чесните земјоделци кои работат чесно својот производ да го продадат, но власта секојдневно ги заборава и лаже. Земјоделците добија ниски откупни цени, со што беа приморани својот род да го фрлаат, наместо зголемување на субвенции, тие дополнително се намалија, дури и доцнат.

Сиљановска Давкова истакна дека Владата ништо не испочитувала од она што им било ветено на земјоделците, од употребата на зелена нафта, од загарантираниот откуп на произведеното до повисоките субвенции.

На 5-ти мај кога правдата ќе завладее во Република Македонија, ќе дојде и подобро утро за сите граѓани и за земјоделците.

Тим на Кандидат за претседател на Република Македонија,

Проф. Д-р. Гордана Сиљановска Давкова