Свет
19. March 2019 - 11:10

Се разбуди џинот поради кој се тресе половина свет: Погледнете ја силната ерупција на Попокатепетл

Мексиканските власти издадоа жолто предупредување зошто вулканот Попокатепетл доцна во понеделникот почна да изфрла огромно количество густ пепел на километар во воздух и неколку километри од кратерот.

Во меѓувреме, снимки од ерупцијата го преплавија интернет.

Луѓето се замолени да се држат подалеку од подрачјето во круг од 12 км од кратерот, зошто се очекува пепелта од вулканот да се распрсне кон североисточниот дел од Пуебла.

Вулканот покажа зголемување на активноста во последните неколку недели.

Попокатепетл се наоѓа на само 70 км од мексиканската престолнина.