Македонија
19. March 2019 - 10:30

Двајца скопјани искасани од кучиња во Центар

Вчера во 14.15 часот во Полициската станица Центар, Д.С.(35) од Скопје пријавил дека на 17.03.2019 година околу 02.00 часот на булевар „Партизански Одреди“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Кратко време потоа, во Полициската станица Центар, Г.Ч.(71) од Скопје пријавил дека истиот ден во 12.00 часот на улица „11-ти Октомври“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.