Сојуз за Србија: Вучиќ фатен во лага, не може да прикрие дека е подготвен за признавање на Косово
„Претседателот на Србија и на Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ, повторно е фатен во лага со која се обиде на странците истовремено да им испрати порака дека е подготвен да го признае Косово како независна држава, а на јавноста во Србија да се претстави како борец за Косово“-соопштија од опозицискиот фронт Сојуз за Србија(СзС).
Вучиќ веќе не може да сокрие дека е на чекор до приватна спогодба со која трајно и неповратно ќе ја разгриничи Србија од територијата на Косово, се наведува во соопштението за јавност на СзС, во кое се оценува дека ова јасно се потврдува од изјавата на италијанската агенција АНСА, во која изјави дека Србија “не може да го признае Косово, а да ништо не добие од другата страна”.
На карактеристичен манипулативен начин, тој сочека оваа вест да се објави во западните медиуми, а потоа побара од италијанската новинска агенција повторно да ја емитува веста без оваа реченица, со цел од српската јавност да ги сокрие своите вистински намери и да се претстави како борец за Косово,нагласуваат од СзС.
Сојузот за Србија во неколку наврати и укажа на јавноста за лагите на Вучиќ дека договорот за Косово не е на повидок и дека никакви преговори не се водат, а вистината е дека преговорите на Вучиќ и на неговиот партнер Хашим Тачи се на чекор до завршницата, со цел постигнување на договор според кој Србија би и овозможила на Приштина да постане членка на ОН-се наведува во соопштението.
-Го повикуваме Вучиќ конечно да и открие на јавноста за она што разговара со Тачи на тајните состаноци во Париз, Њујорк и Рим и дали на самопрогласеното Косово му понудил дел од територијата на централна Србија и де факто признавање како независна држава, прашуваат од СзС.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање