Ципрас распали по грчките комунисти: Ги потсети на Мирка Гинова и на бегалците од Граѓанската војна
Остри критики до Комунистичката партија на Грција, поради актуелната позиција против Договорот од Преспа испрати грчкиот премер во неговиот говор во Парламент и ги потсети на нивната историја, јави дописничката на МИА од Атина.
– Не сакам да се осврнам ниту на славомакедонскиот Буквар што комунистите го делеа во Ташкент на децата на славомакедонските борци на Демократската армија на Грција. Не сакам да се осврнам на 70.000 бегалци од Граѓанската војна кои грчката држава ги лиши од правото во 1983 да се вратат во нивната татковина. Ниту ќе се осврнам како на Славомакедонката Ирини Гини-Мирка Гинова, првата жена егзекутирана во Граѓанската војна, комунистка. Со овие грижи на совест што ги имате, да си се справите сами. Ќе говорам политички, нема да се осврнам на историјата на Комунистичката партија на Грција – порача Ципрас.
Говорејќи за политичките позиции на Комунистичката партија на Грција, грчкиот премиер ги анализираше нивните аргументи зошто тие се против Договорот од Преспа: првиот е НАТО, вториот- иредентизмот. Рече дека па дури и да ги прифати нивните аргументи.
Грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина, во неговиот 70минутен говор на расправата за ратификацијата на Договорот од Преспа, упати критики и до останатите грчки партии кои што се против Договорот од Преспа.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор