Свет
25. January 2019 - 10:41

Џим Акоста пишува книга за Доналд Трамп

Главниот известувач за телевизиската мрежа Си-ен-ен од Белата куќа, Џим Акоста соопшти дека на 11 јуни ќе објави книга за американскиот претседател Доналд Трамп, насловена како „Непријател на народот“.

Издавачката куќа „Харпер Колинс” објави дека новинарот во својата книга ќе ги опише „речиси постојаните конфликти” што ги имал за да ги покрие прес-конференциите на Доналд Трамп, како и други настани.

Си-ен-ен во повеќе наврати Трамп го нарекува „неријател на народот”, како впрочем, и други критички настроени медиуми.