Бектеши: За укинување или одложено дејство на Законот за трговија на зелените пазари е надлежно Собранието
Состојбите со протестите на пазарџиите во Скопје околу примената на Законот за трговија на зелените пазари може да се разрешат со меѓусебни разговори, но и вклучување и на други институци во процесот, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши по посетата на неколку компании во тетовско.
Тој посочи дека за барањето околу одложувањето на примената на Законот или негово укинување како Министерство немаат надлежнот, туку тоа е надлежност на Собранието.
– Во моментот на усвојување на овој Закон во јануари минатата година единствена комора што тогаш работеше и што упати барање за издавање на лиценци за продажба на зелените пазари беше Комората на трговци на Македонија. Другите комори што сега упатуваат барања за и тие да учествуваат во издавањето вакви лиценци се формирани многу подоцна. Како Министерство сме обврзани да ги спроведуваме обврските што произлегуваат од овој Закон и единствена наша надлежност беше носењето на подзаконските акти и правилниците што и го направивме. За укинување или одложено дејство на Законот право има само Собранието на Република Македонија рече Бектеши.
Тој посочи дека се сретнал со дел од пазарџиите и организаторите на продажбата на зелените пазари и засега немаат добиено барање од нивна страна во нивниот опсег на работа како Министерство.
– Пензионерите не се косат со Законот за трговија на зелените пазари, туку тие немаат право да работат согласно законот за работни односи што предвидува дека тие како и вработените во согласност со работодавачот имаат право на работа, но не повеќе од 10 часа неделно. Јас сум побарал и средба со пратениците предлагачи на Законот за трговија на зелените пазари заедно да разговараме околу можните чекори за негова измена и надминување на состојбите, додаде Бектеши.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово