Македонија
3. January 2019 - 17:32

Снежниот бран кој го зафати истокот на земјава ги алармираше Македонија пат

Снежниот бран кој од утринава го зафати и истокот на земјата ги алармираше екипите на „Македонија пат“.

- Нашите екипи излегоа на лице место во утринските часови, посолено е и снег веќе нема по коловозите.

Коцев вели дека располагаат со доволни количини на сол и ризла, но, бидејќи метеоролозите за вечерва и во наредните денови најавуваат температури и под 8 степени под нулата, кога абразивниот материјал не дејствува, има можност од голомразица и навеви на снег на критичните места.

- Ако дојде до снег и ветер тоа е овчеполието, како и Пилав тепе, осојните места  и посебно делницата с. Исти бање – Делево кон границата- додаде Коцев

Косините на патот од с. Исти бање до М. Каменица се уште не се стабилизирани од последниот одрон и се стравува дека, токму растопувањето на снегот може да предизвика нови свлечишта.