Македонија
3. January 2019 - 17:01

Заев очекува на денот на гласањето да има повеќе од 80 пратеници

Премиерот Заев е уверен дека ке обезбеди  повеке од 80 пратеници за да се изгласаат уставните промени . За таа цел тој најави дека ке се сртене со лидерот на Беса , Касами, како и со преставниците на Алијансата на АЛбанците.

Иако седницата за финализирањето на промените на Уставот би МОЖЕЛО да трае  да трае до 10 дена, Заев очекува целата процедура да заврши за два до три дена поради отсуството на опозијата во парламентот. Тој е е уверен дека ратификацијата на преспанскиот договор во Грција ке заврши успешно, за што охрабрување добил и од врвот на НАТО.

Во мегувреме, на грчката политичка сцена , се пребројуваат гласовите за и против преспанскиот догвор. За разлика од оптимизмот на Ципрас дека мнозинството во праламентот е обзбедено, од Нова демократија уште еднаш порачаа дека нивните пратеници  нема да гласаат за ратификација на спогодбата.

Ова сме го рекле на сите наши соговорници и во и надвор од Грција. Го имаме кажано со истиот речник, го имаме кажано на сите јазици. Нова демократија нема да го ратификува договорот, ниту во актуелниот ниту во следниот парламент, каде што ќе имаме мнозинство – изјави  во радио интервју портпаролката на партијата Спираки, но  избегна да одговори дали партијата ќе гласа позитивно за протоколот за  влегување на  Македонија  во НАТО, под новото име.

Од Нова демократија  му порачаа на Ципрас дека  нема да има политички легитимитет доколку Каменос го оствари ветувањето и се повлече од Владата кога договорот ке дојде во грчкиот парламент. Не ја исклучуваат и   можноста опозицијата да достави инцијатива за гласање на недоверба на владата, но за тоа , како што велат , треба да одлучи лидерот Кирјакос Мицотакис.