Македонија
3. January 2019 - 14:41

Чистејќи оџак на куќа, гостиварец паднал тешко се повредил

Вчера околу 17,30 часот во гостиварската oпшта болница бил донесен Ќ.А.(64) од Гостивар кој, како што е пријавено, чистејќи го оџакот на својата куќа, се лизнал и паднал од покривот.

Ќ.А. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош е префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.