Македонија
2. January 2019 - 16:48

Годишна залиха на пелени за бебињата родени во новогодишната ноќ

Децата се иднината во секое општество и треба да се радуваме на секој нов живот што се раѓа, посебно и ако така го одбележиме доаѓањето на Новата Година.

Компанијата Виолета заедно со породилиштето Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство Скопје и породилиштето Мајка Тереза Чаир  одлучија да израдуваат родители на десет новороденчиња кои ќе се родат во текот на новогодишната ноќ.

Имено, бебињата кои ќе се родат во текот на новогодишната ноќ во овие две породилишта, ќе добијат годишна залиха на пелени кои ги произведува компанијата Виолета.

Виолета изминатата година преку проектот Создаваме Заедно помогна да се обнови и уреди просторот во ГАК каде што лежат мајките и бебињата, а освен тоа во породилиштата Мајка Тереза Чаир, Охрид и Струга беа поделени породилни пакети на секоја родилка со пелени и влажни марамици.

Од компанијата Виолета потврдуваат дека со овој дел од проектотот Создраваме Заедно ќе продолжат и понатаму соработка со породилиштата и ќе бидат поддршка да на посебен начин се дочека раѓањето на новиот живот.

Како заклучок на целиот проект може да се искористи цитатот на Мајка Тереза Не е важно колку работиш, туку важно е колку со љубов тоа го  работиш и колку  им помагаш на другите“.