Loading Video...
Ракомет
12. December 2018 - 19:08

ЕП Ракомет: Црна Гора остана без полуфинале

Репрезентацијата на Русија е првиот патник во полуфиналето  на ЕП во Ракомет во Франција.  Драматично и неизвесно е во втората група каде три селекции се борат за следната рунда.

Ситуацијата ја заплеткаа Норвежанките кои славеа  убедливо против  Холандија со 26-19   а попладнево  однесоа победа и против Шпанија со 33-26 со што  ги задржаа шансите за пласман во полуфиналето но разврската се очекува по вечерашниот дуел во кој  Холандија игра против Германија.

Романија по синоќешната  победа против Шпанија  полуфиналето го решава во овие моменти во дуелот со селекцијата на Унгарија.

Завршија натпреварите за селекцијата на Црна Гора која  загуби во решавачкиот дуел попладнево од Данска со 24-23 и со тоа и го отвори патот на Франција да се бори за медали. Кикс на Франција очекува Шведска.