Фудбал
12. December 2018 - 17:40

ЛШ: Лион ќе се бори за бод во Киев

Вечерва на програмата се нови возбудувања во Лигата на шампионите, а последното коло треба да даде одговор кој ќе биде последниот патник во осминафиналето.  Разврската ќе падне во Киев каде Шахтјор го пречекува францускиот Лион во рамките на Ф-групата.
Шахтјор мора да победи за да се пласира понатаму додека на Лион му е доволен бод.
Во вториот меч од групата  Манчестер Сити игра против последнопласираниот Хофенхајм.
Се е решено во Е групата сем носителот на првото место за кое се борат Баерн и Ајакс. Нема непознати ниту во Г и Х групата.