-->
-->
Планинарскиот клуб „Голак“ ја доби престижната награда „Даре Џамбаз“
-->
Планинарски спортски клуб „Осогово“ од Кочани, ЗПСК „Кожуф“ од Гевгелија, Планинарски клуб „Македон“ од Скопје и делчевскиот Планинарски спортски клуб „Голак“ од Делчево го добија престижното признание „Даре Џамбаз“ што го доделува Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ) за постигнати резултати во планинарството во 2018 година.
За претседателот на ПСК „Голак“, Љупчо Чучуковски, наградата ќе значи многу во насока на уште поголемо залагање на клубот во наредната 2019 година.
- Посебно сум среќен не само како претседател на ПСК „Голак“ од Делчево, туку и како координатор во југоисточниот регион од каде има дури три клубови кои ја понесоа оваа значајна награда. Сите четири клуба на свој начин дадоа допринос во планинарството и заслужено го поделија првото место. Ова за нас ќе биде мотив плус да продолжиме и во идниот период со нашите зацртани цели и целите кои ни ги постави федерацијата, вели Чучуковски.
Оваа награда, дополни, е за залагањето на сите членови на ПСК „Голак“ од Делчево и огранокот ПСК „Сосна“ Берово, како и на планинарите од Берово, Велес, Пехчево, Македонска Каменица и други градови од Македонија, како и повремените членови од градовите Пештера, Самоков и Софија од Бугарија.
Признанијата беа доделени од страна на претседателот на ФПСМ, Јовица Угриновски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та