Македонија
11. December 2018 - 9:39

Струмица го празнува Денот на заштитниците на градот

Одбележувањето на 11 декември-Денот на заштитниците на градот Струмица почнува со Света Божествена литургија во чест на Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици во истоимената манастирската црква.

Главен настан е свечената седница на Советот на Општина Струмица, на која за значењето на празникот ќе зборува градоначалникот Коста Јаневски, а ќе бидат доделени и традиционалните годишни награди и награда за животно дело.

Празнувањето денес завршува со концерт на КУД„Тримери“, а утре продолжува со  турнир во кошарка за основните училишта и изложба на Ликовната група „Пресек“ од Струмица.

Задутре одбележувањето на Денот на заштитниците продолжува со турнир во кошарка за средни училишта и промоција на книгата „50 години од смртта на Антон Панов“.

В петок во Народниот театар „Антон Панов“ ќе биде одиграна претставата „Петтиот чин“, а свеченостите по повод празникот на градот завршуваат в сабота со меѓународен одбојкарски натпревар за ветерани.