Живот
24. October 2018 - 21:14

Малечкиот Теди повика 32 другари на роденден: Неговата тага кога никој не му дојде беше неизмерна, а поради оваа слика доби незаборавна забава

Шестгодишниот Теди Мацини стана вистинска ѕвезда кога на интернет почна да кружи фотографија на која сам седи зад роденденската маса. Имено, детето повикало 32 другари на роденденската прослава во локалната пицерија во Тусон, но никој не се појавил.

Репортерот Ник Винзант на својата страница на Фејсбук објави фотографија од тажното момче опкружено со хартиени чинии и пица, па ги замоли другите да му го честитаат роденденот кога веќе тоа не го направиле неговите пријатели.

„Поканите им ги врачивме на неговите пријатели во градинката и родителите. Неколку од нив рекоа дека нема да можат да дојдат, но не очекував дека никој нема да се појави. Сега некое време се откажувам од прослави“, потресено изјави Сил Мацини, мајка на детето за Еј Ви Си 15.

Семејството организирало домашна прослава ден по фијското кое го доживеа момчето, а одлучиле да ги читаат честитките кои ги примил откако станал вирален хит.

„Среќен роденден! Еднаш кога ќе сфатиш дека среќата доаѓа од внатре, вакви работи нема толку да те болат. Би сакал да сум знаел па би дошол“, напиша еден од неговите другари/

Меѓутоа, најголем подарок малиот Теди доби од кошаркарскиот клуб Феникс Санд. Тие кога слушнале што му се случило, го повикаа на следниот натпревар да се дружи со сите членови на тимот, а на забавата е служено неговото омилено јадење - пица.