Ф1
1. November 2015 - 8:28

Ф-1: Розберг го напаѓа Мексико

Возачот на Мерцедес Нико Розберг ја освои пол позицијата во пресрет на 17-та трка во првенствоот на Формула 1, Големата награда на Мексико.
 
Германецот до петтата позиција оваа сезона дојде со најбрзиот круг на патеката „Ерманос Родригес“ во време од 1:19.480 минути.
 
Покрај Розберг од првиот стартен ред трката ќе ја започне светскиот првак Луис Хамилтон, а трет на стартот ќе биде Себастијан Фетел од Ферари.
 
Потоа следуваат двајцата возачи на Ред Бул Данил Квјат и Даниел Рикардо, а пилотите на Вилијамс Валтери Ботас и Фелипе Маса. Меѓу првите десет ќе стартуваат уште Макс Ферстапен на Торо Росо и возачите на Форс Индија Серхио Перез и Нико Хилкенберг.
 
Трката за Големата награда на Мексико ќе се вози в недела во 20 часот по средноевропско време.