Свет
14. April 2018 - 11:20

Путин: Историјата ќе се погрижи за својот ток како што е воспоставено дека Вашингтон е одговорен за масакрот во Југославија

Рускиот претседател Владимир Путин се огласи по американската-француска - британска  воена интервенција во Сирија и истакна дека историјата ќе се постават на свое место „ како што веќе е воспоставено дека Вашингтон е офоговорен за масакарот во Југославија“, се наведува во соопштението од Кремиљ. 
 
Во изјава која ја објави Кремиљ, Путин ги демантираше доказите за нападот на хемиско оружје во преградието на Дума во Дамаск и рекол дека нападот „ ќе има деструктивен ефект на целиот систем на меѓународните односи“. 
 
- Вашингтон изведе агресија против суверена држава која се наоѓа на чело на борбата против тероризмот. Меѓународните напади не се санкционирани од Советот за безбедност и направено е кршење на повелбата на УН и принципот на меѓународното право. Сепак, историјата ќе ги постави работите на вистински начин како што веќе е воспоставено дека Вашингтон е одговорен за масакрот во Југославија, стои во соопштението од Кремиљ.