Кремљ: Засега нема конкретен договор за средбата меѓу Путин и Трамп
Се уште нема нема конкретни планови за евентуална средба на претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, соопшти денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
- Нема никаков договор во моментов. Всушност, нема и кој знае какви контакти, изјави Песков во врска со инфромациите дека двајцата лидери би можеле да се сретнат уште во текот на овој месец. - Засега чекаме, посочи тој.
Според Песков, прво треба да се почека официјална покана од државниот секретар на САД.
Путин и Трамп се договорија „да остават на министерот за надворешни работи и на државниот секретар да поработат на датумот и местото на оваа средба, потсети Песков.
Трамп минатиот месец го разреши 65-годишниот државен секретар Рекс Тилерсон, кој му ги предаде сите ингеренции на својот заменик Џон Саливан. Наследникот на Тилерсон, Мајк Помпео, треба да биде одобрен од Конгресот.
Сослушувањето во Комисија за надворешна политика при Сенатот е закажано за 12 април.
Русија нема намера да ја промени политиката под притисок на санкции од западните држави, изјави денеска Песков.
- Во Руската Федерација ништо не се прави под притисок. Во Русија се се прави во согласност со нејзините интереси, изјави тој и потсети дека тоа постојано го потенцира и Путин.
Песков додаде дека се „неопходни корекции", со оглед на неодамнешните американски санкции, што создаде нова ситуација во руската економија. - Секако, темата добива вистинско внимание, увери тој.
Ново на Сител
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина