Македонија
19. October 2015 - 10:58

Архитектонска работилница во Илинден

Работилница за студенти од Архитектонскиот факултет при УКИМ Скопје, викендов била реализирана во Општина Илинден на која студентите се запознале со образложувањето на локалното население на нивните барања до општината.

Во Домот на култура „Илинден“ студентите имале средба и со стручните служби на Општината при што биле запознаени со основните карактеристики на општината, како и активностите поврзани со урбанистичкото планирање и уредувањето на градежното земјиште.

Предмет на анализа на работилницата била станбената населба во Општина Илинден за која свои видувања дале и професорите од Архитектонскиот факултет, како и претставници од универзитетите во Србија и Албанија.