Џет-Сет
19. October 2015 - 9:51

Ја собра целата естрада - Се ожени македонскиот пејач

Македонскиот пејач Димитар Андоновски викендов стапна на лудиот камен. Откако пејачот на интересен и романтичен начин на концерт ја побара раката на својата сакана Христина, викендов двајцата го кажаа судбоносното „ДА". Како што е очекувано, на свадбата присуствуваа голем број личности од естрадата меѓу кои Весна Бејби, Роберт Билбиловски, Викторија Лоба и многу други.

По фотките кои ги објавија на Фејсбук, погледнете каква била свадбената церемонија.