Иран тестираше ракета со голем дострел од домашно производство
Иран успешно тестираше нова ракета со голем дострел од домашно производство, прва која може да биде наведувана се до целта.
- Ова е прва иранска ракета со голем дострел која може да биде наведувана и контролирана се додека не ја погоди целта. Ракетата е разработена и произведена во Иран, изјави иранскиот министер за одбрана Хосеим Дехгхан, без да наведи каде е извршено тестирањето.
Лансирањето на ракетата „Имад“ уследи неколку месеци откако ирански претставници изразија загриженост дека договорот со светските сили за спорната нуклеарна програма ја лимитира иранската ракетна програма.
Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации усвоена пред неколку денови предвидува забрана Иран да развива ракети кои би имале нуклеарни боеви глави.
- Ние не бараме дозвола од кого било за зајакнување на нашата одбрана и ракетните способности, посочи Дехгхан.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација