Македонија
13. јуни 2017 - 19:45

Саем за вработување во Струмица

Саемот за вработување ги спои на едно место работодавачите  и невработените лица од струмичкиот регион. Околу триесетина компании на исто толку штандови ги презентираа дејноста со која се занимаваат, потребите од работна сила, но и условите што ги нудат за работа. Невработените лица кои бараат работа имаа можност за директни контакти со претставниците од  комапниите од повеќе различни области како што се градежништвото, трговијата, производството и прехранбената дејност. Директорот на агенцијата за вработување во чија организација е саемот се надева истиот да биде добра можност за поврзување на пазарот на трудот во регионот.

,, На едно место сакаме да ги ставиме двата света да кажеме, едниот свет на работодавачите коишто бараат работна сила, а другиот се оние коишто бараат работни места. Се надевам дека денеска присутните компании ќе имаат можност да најдат соодветен кадар за нивните потреби, а воедно сите тие што бараат работа имаат можност да поднесат SV и да бидат повикани на разговор, а потоа да бидат и вработени.,, рече Влатко Поповски – директор на агенција за вработување

Саемот за вработување во Струмица се одржува по втор пат . Очекувањата се  истиот да даде позитивни  резултати како што тоа беше случај пред три години.

,, Искуството покажа дека од првиот саем за вработување кој се одржа во Струмица имавме голем број на склучени договори и точно најдени работни места овдека на овој. Се надеваме дека во текот на денешниот ден ќе се повтори ова искуство.,, рече Павлина Георгиева – раководител на центар за вработување во Струмица

Саемот за вработување во Струмица беше шести по ред од овој трет циклус. Пртеходно исти вакви саеми беа организирани во Скопје, Штип, Кавадарци, Битола и Тетово. Следниот кој ќе биде и последен  е планиран после два дена во Скопје.