Свет
6. October 2017 - 16:41

Нобеловата награда за мир ја доби меѓународната кампања за укинување на нуклеарно оружје

Нобеловата награда за мир додела на меѓународното здружемние за укинување на атомското оружје

Овогодинешната нобелова награда за мир ја доби Меѓунардоната организација  за укинување на атомското оружје, ИКАН.

-Организацијата е наградена за својата работа на укажување на катастрофалните хуманитарни последици од нуклеарното оружје и за напорите за забрана на вакво опружје врзоснова на договор. Живее во свет, во кој ризикот од употреба на нукеларно оуржје одмана не бил толку голем, изјави Берит Реис-Андерсен , претседателка на норвешкиот Нобелов комитет.

Организацијата  е составена од невладини организации од над 100 земји, формирана е  во 2007 година а седиштето и е во Виена. Нобеловата награда за мир се смета на најважно политичко одликување во светот.