Фудбал
22. August 2017 - 14:01

НК Динамо:Мамиќ преживеа обид за убиство !!!

Според информации од фудбалскиот клуб Динамо Загреб, советникот во клубот Здравко Мамиќ е ранет во нога во Томиславград. Информацијата ја потврди и неговиот адвокат а јавува Дневник.хр.

Според информациите Мамиќ бил на гробиштата во Томиславград кога е ранет со пукање во ногата. На него наводно пукале две лица и потоа е однесен во болницата во Томиславград и се наоѓа во стабилна состојба. Од Динамо велат дека се „згрозени од обидот за убиство на Здравко Мамиќ.