„Њујорк Тајмс“: Флин го известил тимот на Трамп дека е под истрага
Поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Мајкл Флин ги известил луѓето од транзицискиот тим на Доналд Трамп дека се ноѓа под истрага уште во јануари оваа година, тврди „Њујорк Тајмс“.
Според весникот, информирањето на тимот дека Флин е под федералана истрага за неговата работа како платен лобист на Турција, во времето додека бил вклучен во изборната кампања Трамп, било извршено многу порано, отколку што досега се мислеше.
Пријател на Флин, чиј идентитет не се открива, тврди токму Трамп го убедил пензионираниот генерал да ја прифати функцијата на негов советник за национална безбедност, што се смета за една од најважните во Белата куќа.
Претседателот го именува Флин на оваа функција набрзо по стапувањето на должноста претседател, но по само 24 дена тој беше разрешен.
Флин бил под истрага на Пентагон за тоа дали постојат исплати од турски, но и од руски лобисти, за одржани говори на Флин и за консултатските работи што ги вршел.
Поранешниот државна обвинителка Сали Јеитс, на сослушувањето пред сенатскиот Комитет за разузнавање, тврдеше дека ја предупредила Белата куќа за ангажманите што ги имал Флин, како лобист и предупредила дека како советник за национална безбедност тој би можел да биде „уценуван од Русија“.
Флин беше приморан да се повлече од функцијата во февруари, откако беше обелоденето дека го измамил потпретседателот Мајк Пенс за своите контакти што ги имал во текот на избрната кампања со руски официјани личности.
Пенс за Си-Ен-Ен синоќа изјави дека тој не знаел дека за Флин имало отворена истрага, пред биде именуван на функцијата во Белата куќа.
Аналитичарите во Вашингтон сметаат дека целата ситуација околу отворените истраги за руското мешање во изборите и за врските на луѓето од изборната кампања на Трамп со Русија, станува настан без преседан во историјата на САД.
Никогаш досега една Администација во Вашигтон само сто дена по инаугурацијата, не се соочувала со толку многу проблеми како оваа и првпат досега една странска земја е осомничена дека се мешала во американските избори.
Републиканскиот сенатор Линдзи Греам во изјава за американаките медиуми предупреди дека истрагата за руското мешање на крајот може да заврши како „кривична истрага“.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот