Живот
30. November 2017 - 23:53

Њујорк се подготвува за божикните и новогодишните празници

Секоја година милиони туристи доаѓаат во Њујорк за да ја дочекаат Новата година, a една од причините е волшебниот изглед на овој град за време на празниците. 

Овој американски град веќе се подготвува за божикните и новогодишните празници и по тој повод пред Рокфелер Центарот поставена е новогодишна елка испорачана од областа Алстер, висока 24 метри. 

На Менхетен уште сега може да се видат голем број граѓани кои уживаат во предбожикната и предновогодишната атмосфера.