Македонија
9. April 2017 - 19:43

,,Њујорк пост‘‘ апелира Трамп да ги забрза кадровските промени во Стејт Департментот поради кадрите на Сорос

Угледниот Њујорк пост со директен апел до Доналд Трамп да ги забрза кадровските промени во Стејт Департментот. Во своето најново издание весникот пишува дека во американската администрација се уште доминираат кадрите од времето на Барак Обама и Хилари Клинтон.

Повод за натписот во Њујорк пост е токму писмото на 6-те американски сенатори за Македонија, УСАИД и СОРОС кое тие го упатија до државниот секретар Рекс Тилерсон барајќи истрага за Џес Бејли и американските амбасади во Скопје и во Тирана.

Во анализата весникот пишува дека и покрај барањето на сенаторите да се испита дали странската помош е промовирање на прогресивна агенда во целиот свет, наместо од Тилерсон тие одговор добија од извршниот секретар на Бирото за Законодавно-правните работи Џозеф Макманус.

   Но Мекманус дури и не го признава барањето за спроведување истрага. Тоа беше само директна одбрана на работата на УСАИД, со реченици како „Одделот за државни програми и странска помош е строго дизајнирана, имплементира и ја следиме за да се осигура дека тоа се базира на основни американските вредности.“ Или со други зборови, „ние знаеме што правиш, но ти не“, пишува весникот и додава дека токму со овие зборови Мекманус ги убеди сенаторите дека недостатокот на политички именувани лица во Администрацијата во други сектори остави бирократи кој ја водат владата.

 На крајот Њујорк пост заклучува дека Сорос поддржува пред се проширување и зајакнување на меѓународни организации кои ќе ја ограничат способноста на националните држави да дејствуваат.

 Помина многу време откако Републиканските сенатори беа во можност да го дадат својот глас на другиот крај на линијата на Стејт департментот, кој сега го води Републиканската партија, заклучува весникот.