Македонија
25. November 2017 - 10:52

Нивото на Дојранско трипати зголемено

 Нивото на Дојранското езеро е тројно повисоко од просекот за ноември, соопшти УХМР.

Според денешните хидролошки мерења, Охридското и Преспанското се речиси во рамки на просекот.

Отстапувања бележат и дел од водостоите на реките. Со двојно пониско ниво од просечното се Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива Паланка, Пчиња кај Катлановска Бања и Сатеска кај Ботун.