Бизнис
13. May 2017 - 16:12

Нивоата на реките во Македонија двојно пониски од мајскиот просек - не чека врело и сушно лето

Двојно намалени нивоата на реките во земјава. Ова лето Македонија  ќе биде една од земјите  кои ќе бидат најпогодени од екстремно високи температури.

Како што соопшти УХМР, под просечно ниво се водите во Вардар кај Велес и Демир Капија, Треска кај Македонски Брод нешто повеќе од двојно е намален водостојот на Црн Дрим, а драстично пониска вредност, според мерењата, покажува нивото на Сатеска река. Приближно на просечното ниво за овој месец се Пчиња, Струмица и Крива Река.

Од управата најавија дека и деновиве се очекува температурите во поголемиот дел од земјава да бидат повисоки од вообичаените за овој период од годинава.

И од државните лекетрани на Македонија пред извесен период информираа дека  и покрај обилните снежни врнежи и ниските температури кои подолго време го задржаа снегот, сепак годинава за 32 отсто се намалени дотоците во акумулациите на хидроцентралите.

И глобалните анализи  покажуваат дека не очекува топло и сушно лето. Метерологот Аен Реперт  прогнозира дека на Балканот  најголема опасност од високи температури им се закануваат на Македонија, Унгарија и Романија.  Не се исклучува ниту можноста од појава на големи количини на смог и лош квалитете воздух.

И од реномирана американска компанија за метеролошки прогнози Ајку Ведер предвидува дека за подрачјето на јужна и источна Европа ова ќе биде долго топло лето со опасни топлотни удари и суша.

Според прогнозите на ова подрачје се очекува долг период со температури над вообичаениот просек, особено во Италија и на Балканскиот Полуостров.

Најтопли се очекува да бидат јули и август.

Температури над 32 степени Целзиусови ќе бидат вообичаени во текот на целото лето, а ќе има и најмалку еден подолг период на опасни горештини, кој ќе трае најмалку седум дена, се наведува во прогнозата. Како последица на високите темпаратури ќе се појави  и суша која негативно ќе се одрази  врз посевите.

Според научниците сите овие промени  не се случајни. Жештините кои беа лани го урнаа историскиот рекордод претходната година.  Необичниот топлотен бран во 2003 година кој во Европа уби околу 70.000 луѓе, требаше да биде појава која се повторува на секои 500 години; на моменталното ниво на климатските промени такви појави се јавуваат на секои 40 години.

Според науката значи дека светото се затоплува, мразот на Гренланд и Артартикот се топи побргу од очекувањата и  е голема закана за светот. Животинскиот свет веќе страда.  Според научниците она што може да се направи во ваква ситуација како основна помош е намалување на штетните гасови, помага и секоја зграда која штеди енергијаи секој хектар зачувана шума. Но тоа не е доволно се додека светото не се префрли на енергија која не го вклучува јагленот сметаат  светските научници.