Македонија
21. March 2018 - 16:42

Ниту претседателот, ниту лидерот на опозицијата не биле консултирани за спогодбата испратена до Атина

Ниту шефот на државата ниту опозицијата не биле консултирани пред владата до Атина да ја достави нацрт-спогодбата за решавање на спорот.

Претседателот Иванов немал никакви информации за документите кои Скопје и Атина си ги разменија во најкритичната фаза од преговорите за името.

Претседателот Иванов и неговиот Кабинет ниту се информирани, ниту биле вклучени во формулирањето на предложениот нацрт-договор до грчките власти, што го обелодени премиерот Заев. Претседателот Иванов не е информиран ниту за нацрт-договорот што Република Грција го доставила до Владата на Република Македонија“, велат од кабинетот на македонскиот претседател.

И за лидерот на ВМРО ДПМНЕ нацрт договорот за кој вчера говореа премиерот и шефот на дипломатијата е соло игра за која опозицијата нема никакви информации.

Што содржат двата документи не открија ниту Заев ниту Димитров на двете прес конференции кои вчера се оджаа во владата. Единбствено посочија дека двете страни сеуште имаат разлики нод ека постои оптимизам за нивно надминување за време на посетата на Коѕијас на Скопје утре и во петок како за време на преговорите под емдијаторство на Нимиц кон крајот на идната недела.